Просечната плата во мај повисока 1.120 денари

Bez autora
Jul 26 2020

Иако соочени со најголемата светска здравствена и економска криза од која не е поштедена ниту нашата земја, бележиме раст на просечната плата, изјави на прес-конференција потпретседателот на СДСМ, Коста Петров.

Тој рече дека просечната нето-плата во мај 2020 година, или во време на кризата предизвикана од Ковид-19, е 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани. Или поконкретно, просечната нето-плата во мај 2019 година изнесувала 25.270 денари, а оваа година таа се зголемила на 26.390 денари.

„Ако споредиме со април, таа е повисока 560 денари, односно во април просечна нето-плата во државава изнесуваше 25.830 денари. Грижата и навремените мерки за спас на работните места, спас на компаниите и стопанството воопшто се потврдуваат. Конкретно во мај, со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари за вработен, со 1,7 милијарда денари поддржани се 19.956 работодавачи кај кои работат 118.069 вработени. Со истата мерка, со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност. Додека, пак, со мерката субвенционирање придонеси во време на вонредна состојба во мај поддржани се 2.463 фирми. Со цел поголема поддршка кон граѓаните и компаниите за време на корона-кризата, Владата предводена од СДСМ одлучи мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари за вработен за исплата на плата да продолжи и во јуни. За јуни до овој момент одобрени се 19.202 барања, а направена е исплата за финансиска поддршка за 17.905 компании со 101.148 вработени. Одобрената финансиска помош до овој момент за јуни изнесува 1.404.470.647 денари, односно за трите месеци исплатени се над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност“, нагласи Петров.

Тој заклучи дека во изминатите три години преку многубројни мерки и политики СДСМ покажал што значи вистинска грижа за граѓаните, за економијата и за државата.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik